Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Меморандум за соработка со ОО Црвен крст

Општина Виница и Општинската организација на Црвен крст – Виница потпишаа Меморандум за соработка, со кој се зацврстува заедничката заложба за унапредување на хуманитарните, социјалните и општествено корисни активности во нашата заедница. Со овој меморандум се воспоставува континуирана и партнерска соработка, насочена кон поддршка на граѓаните и промоција на хуманите вредности.
Првата заедничка активност ќе се реализира на 4 март, по повод одбележувањето на датумот на загинување на Капетан Кирчо Димитриов, со спроведување на активности во знак на сеќавање и почит кон неговото херојство. Општина Виница и Црвениот крст – Виница и во иднина ќе продолжат со заеднички иницијативи во интерес на граѓаните и локалната заедница.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk