Сите вести
Асфалтирање на Улица 4 во село Јакимово
- Hits: 151

Денес се асфалтираше во село Јакимово. Станува збор за изградба на дел од „Улица 4“ со што се реши голем инфраструктурен проблем за овој дел од село Јакимово.
Изградбата на оваа улица е на барање на жителите, бидејќи на оваа улица се наоѓаат повеќе семејни куќи и основното училиште во ова населено место, но и на истата има голема фреквенција на сообраќај.
Улицата е во должина од околу 300 метри, почетокот на улицата е спој со постоечки асфалт, а крајот на улицата се спојува со постоечки земјен пат.