Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Известување од ЈП Солидарност - Виница

Ги известуваме жителите на градот Виница, населба Градец и населените места Јакимово и Лески дека поради дефект на доводниот цевковод од с. Градец до Филтер станицата во Виница, немаме доток на вода до Филтер станицата и во текот на вечерните часови високата зона од градот ќе остане без вода. Во текот на денешниот ден се работеше на отстранување на дефектот но не можевме да го отстраниме истиот. Се прават напори да се пуштат пумпите Осојница и Јакимово, но поради студеното време и тоа оди тешко. Се трошат последните резерви на вода од резервоарите, па во утринските часови се очекува без вода да останат и останатите делови од градот. Апелираме на рационално трошење на водата само за неопходните потреби, за да ја имаме истата се до отстранувањето на дефектот во текот на утрешниот ден.

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk