Туристичка понуда

Мобилност
Средби со граѓани
Улично осветлување

Сите вести

Бог се јави

Почитувани сограѓани,
по повод големиот христијански празник Водици – Богојавление, упатувам искрени честитки до сите верници кои го празнуваат овој свет ден.
Нека светлината и благословот на осветените води донесат здравје, мир и духовна сила во вашите домови, а верата и заедништвото нека бидат водилка во секојдневниот живот. Водици нè потсетуваат на значењето на чистотата, надежта и љубовта меѓу луѓето – вредности што нè обединуваат и нè прават посилна заедница.
Во мое лично име и во името на Општина Виница, Ви посакувам празникот да го поминете во радост, спокој и благосостојба.
Нека е честит и вековит празникот Богојавление- Водици!

Најсреќни меѓу најхрабрите оваа година се:
1.Бојан Колишев - Виница,
2.Наум Крстов - Истибања,
3.Даниеле Јанчев - Драгобраште,
4.Наум Тренчовски - Блатец,
5.Андреј Стаменков - Јакимово,
6.Христијан Гоцевски - Лески,
7.Мартин Велинов - Трсино,
8.Валентино Китанов-Пекљани,
9.Лука Цеков-Градец,
10.Иван Арсов-Липец

Бог се јави!
Навистина се јави!

Општина Виница
ул. Бел Камен бр. 13
телефон: 033 361-945, mail: ovinica@t.mk